Број на текстови објавени денес: 62

Форумот на слободоумни патриоти повика на бојкот на кампањата на „врхушката“

%d1%84%d1%81

Форумот на слободоумни патриоти повика на огранизиран бојкот на настаните и митинзите на „врхушката“ во периодот што претстои, па се до 11 декември, кога се одржуваат предвремените парламентарни избори.

„Доста не игнорираа и не користеа само кога им требавме, за избори. Ве повикуваме на БОЈКОТ на денот на избори, т.е. да не одите и да не гласате. Само со бојкот можеме да им покажеме дека нема повеќе да дозволиме да не понижуваат. Притоа, свесни дека некои од вас ќе бидат под жесток притисок да одат и да гласаат, па доколку мора да излезете и да гласате одете и поништете го ливчето.

ВМРО-ДПМНЕ и после 11 декември ќе биде силна партија, но не со лица кои се осомничени за тешки кривични дела во нејзиното раководство“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.