Број на текстови објавени денес: 0

„Фолксваген“ ќе укине 30.000 работни места

%d1%84%d0%be%d0%bb%d0%ba%d1%81%d0%b2%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd4

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор со сидникатот дека до 2021 година ќе укине 30.000 работни места во делот за производство на моделот „Фолксваген“, во рамки на планот за поттик на профитабилноста и финансирање на преминот на производство на електрични автомобили.

Најголемиот европски производител на автомобили се обидува да ги зголеми своите заштеди во својата најголема деловна единица во Германија поради трошоците од повеќе милијарди евра кои му се закануваат по аферата со тестовите на емисиите на штетни гасови на дизелските мотори.