Број на текстови објавени денес: 2

Фолксваген крати 30.000 работни места

download-3306

Компанијата „Фолксваген“ денеска објави дека планира да отпушти околу 30 илјади работни места во своите фабрики во обид да се реструктуира и да ги надмине проблемите по скандалот со лажните мерење на загадувањето од нејзините дизел мотори.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, намалувањето на работните места е дел од поопфатен план за зголемување на профитабилноста и инвестирање во возила на електричен погон.

Околу 23 илјади работни места ќе бидат укинати во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 илијарди годишно со почеток од 2020 година.

Како казна за лажните мерења на нивото на загадувањето на дизел моторите Фолксваген треба да плати околу 13 милијарди евра на американските власти и сопствениците на автомобилите. Вкупно околу 11 милиони возила користеле фалсификуван софтвер во своите возила.

Фолксваген има вкупно повеќе од 600 илјади вработени од кои 120 илјади работат во германските фабрики.