Број на текстови објавени денес: 46

Финска ќе ги укине сите училишни предмети

ucilishte-finska

Финскиот образовен систем, кој важи за еден од најдобрите во светот, сака да се укинат сите училишни предмети од наставната програма. Тоа ќе значи дека нема да има повеќе часови по физика, математика, книжевност, историја и географија.Министерот за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, ги објаснува овие промени: „Постојат училишта што предаваат по застарени методи, кои биле корисни на почетокот од минатиот век, но сега потребите се сменети и нам ни треба нешто што ќе одговара за 21-от век.“

Учениците ќе учат за настани и појави во интередисциплинарна форма, а преку предметот „работа во кафуле“ учениците ќе добиваат знаење од областа на англискиот јазик, економијата и комуникациските вештини. Овој систем ќе биде наменет за ученици на возраст од 16 години. Генерално, идејата е учениците самите да изберат за која тема или појава би сакале да учат, со тоа што ќе ги земат предвид и нивните идни амбиции и способности.

Ќе се промени и традиционална форма на комуникација помеѓу наставниците и учениците. Учениците нема да седат во училишните клупи, туку заедно во мали групи и ќе дискутираат за одредени проблеми.Околу 70 отсто од наставниците во Хелсинки веќе почнале да се подготвуваат за новиот систем, поради што ќе добијат покачување на платата.