Број на текстови објавени денес: 0

Филип Петровски по грeшка стана професор

%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%bf-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Поништен е изборот за виш научен соработник на Институтот за национална историја(ИНИ) на Филип Петровски, директор на Државниот архив, поради процедурална грешка на одговорните органи на Институтот, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.

Во Билтенот на УКИМ под број 113-01.11 од 2016, стои дека рецензентската комисија го повлекла доставениот и објавен реферат за избор во звање виш научен соработник на Филип Петровски, поради процедурална грешка на одговорните(управните) органи на ИНИ во врска со член 39 од Правилникот за критериуми и постапка за избор на наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и асистенти-докторанти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

„Со оглед на тоа што пропустот е констатиран во законски утврдениот рок од рецензентската комисија, која не е задолжена за процедурални постапки, а со цел да бидат почитувани законските одредби за предвремен избор во звање и останувајќи на својот позитивен став изнесен во рефератот за кандидатот, рецензентската комисија во утврдениот рок од 15 дена го повлекува доставениот и објавен реферат за избор во насловно звање виш научен соработник на д-р доцент Филип Петровски“, стои во образложението на рецензентската комисија.