Број на текстови објавени денес: 0

Фејсбук ќе стане медиум?

facebook1

Закон на ЕУ, ако биде изгласан, ќе го третира Фејсбук како медиум, при што ќе мора да одговара за квалитетот на својата содржина и да спречи говор на омраза и криминал.

Германскиот министер за правда Хеико Мас смета дека Фејсбук треба да се третира како медиумска куќа, а не како технолошка платформа, со што сугерира дека се залага за тоа медиумите кривично да одговараат ако не го отстранат говорот на омраза.
Според програма што трае до март, германските медиуми следат колку расистички профили ќе бидат избришани во рок од 24 часа откако ќе бидат пријавени од страна на корисници на Фејсбук. Мас, објавува Ројтерс, најавил дека ќе преземе одредени мерки ако дотогаш резултатите не бидат задоволувачки.

Мас смета дека ЕУ треба да донесе одлука дали платформските компании треба да се третираат како радио и телевизиски станици, кои би одговарале за објавените содржини. Според актуелните регулативи на ЕУ, Фејсбук и други социјални мрежи не подлежат на кривичен закон доколку објавени коментари содржат говор на омраза или се поврзани со криминал.