Број на текстови објавени денес: 46

Фејсбук и Твитер синоќа гореа од реакции за присуството на Курц на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

sobranie-zgrada

Присутвото на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц на синоќешниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. На Твитер имаше директни коментари до Курц и од угледни странски професори како Јасмин Мујановиќ, Флориан Бибер и други, кои воедно изразија солидарност со македонските граѓани желни за демократија.

 


Многу македонски видни личности исто така го коментираа присуството и настапот на Себастијан Курц на митингот на владејачката коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа во Скопје. Меѓу нив беше и поранешниот македонски амбасадор и преговарач за името, Никола Димитров со неговите коментари на Фејсбук и Твитер.

Сите тие потоа беа нападнати од партиските тролови на ВМРО-ДПМНЕ со познатите реплики.