Број на текстови објавени денес: 18

ФБИ со конечна изјава за истрагата за Бред Бит

bred
Од ФБИ ја затворија истрагата покрената против актерот Бред Пит за наводен инцидент во авион со неговиот син, а заклучокот е дека Пит не се однесувал насилнички кон своето дете. Актерот нема да се соочи со обвинение.
„ФБИ направи извештај за околностите и нема да ја продолжи истрагата. Нема да бараме никаква казна“, соопштиле од бирото.
Одлуката е објавена неколку седмици откако Центарот за социјални работи во Лос Анџелес ја затвори својата истрага. Истрагата на ФБИ беше покрената по тврдењето дека актерот бил насилен и го навредувал својот 15-годишен син Медокс.
Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит беа заедно 12 години. Џоли поднела барање за развод на 19 септември годинава.