Број на текстови објавени денес: 46

Уште едно одликување за првиот човек на антикорупциската агенција на Романија

romanija-koveshi-obvinitel

Главниот обвинител на романската Национална дирекција за борба против корупцијата, Лаура Кодруца Ковеши беше наградена од кралот на Шведска со орден „Поларна ѕвезда“ од прв степен, пишува денеска романскиот весник „Евениментул зилеј“.

Одликувањето на Ковеши и е доделено поради „континуираната и храбра битка против корупцијата во Романија, што е важен чекор кон подобрувањето на транспарентноста и правната држава“.

Ковеши ореденот ќе го добие наскоро на официјална церемонија во Амбасадата на Шведска во присуство на голем број амбасадори од земјите-членки на ЕУ, на министерот за правда, претставници на Дирекцијата и други институции и невладини организации во Романија, кои се борат против корупцијата.

Ковеши е добитник на повеќе награди. На почетокот на годината таа беше прогласена на „Европеец на годината“ за 2016. од списанието „Ридерс дајџест“. Таа во април 2014 година од Амбасадата на САД во Букурешт ја доби наградата „Храбра жена на Романија“ за исклучителната борба против корупцијата. Франција во мај 2011 година ја прогласи за офицер на Националниот орден за заслуги.