Број на текстови објавени денес: 65

Утре групна изложба „Конекција 2“

%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b51

Во Националната галерија на Македонија, утре со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба „Конекција 2“.

На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни градови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин (Струмица), Иво Пецов (Виница), Слободан Милошески (Скопје), Маријана Иванова (Виница), Јана Луловска (Скопје) и Јовица Миленов (Делчево).

Изложбата вклучува дела од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.