Број на текстови објавени денес: 0

Утре второ рочиште од судењето против Павле Богоевски, собир за поддршка пред судот

download-5145

Утре во 11.15 часот во Кривичниот суд во Скопје е закажано второто рочиште од судењето против граѓанскиот активист Павле Богоевски, на кој му се суди за учество во протестите на Шарената револуција. Тој е обвинет за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

На првото рочиште имаше собир за поддршка пред судот, а неговата соборка од протестите, актерката Симона Спировска на својот Фејсбук профил повторно повика на собир и за утре.

„Драги соборки и соборци!

Бавејќи се со листите и збесотилаците на Диме, заборавивме дека едно од клучните барања не ни беше исполнето, а тоа е ДА ЗАПРЕ ПРОГОНОТ И ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ КОИ СЕ ИЗБОРИЈА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА АБОЛИЦИИТЕ!

За утре е закажано судењето на Пајо!

Второ рочиште, откако првото беше откажано. Утре судот ќе треба да се изјасни дали ќе го прифати обвинението против Пајо, или ќе го отфрли.

Другари утре во 11.15, јас ќе бидам таму, заради сите премолчани ветувања кои си ги дадовме изминативе месеци. До слобода другари“, напиша Спировска на Фејсбук.