Број на текстови објавени денес: 70

Условно осудена: Бившата сопруга на Еминем избегна затвор за влакно! ФОТО

o-eminem-kim-mathers-facebook

Ким Метрс, бившата сопруга на Eминем, во вторникот е осудена на 12 месеци условно и 900 долари парична казна, бидејќи минатата година во октомври седнала пијана во автомобилот и се обидела да изврши самоубиство, пишува „Дејли мејл“.

Ким признала дека пред да влезе во автомобилот пиела рум кој го измешала со таблети и намерно се забила во столб.

– Не очекував дека жива ќе се извлечам од тоа. И улицата ја одбрав така што знаев дека тука нема да биде повреден никој друг освен мене – искрено рекла Ким.

Откако ја ислушала казната, изјавила дека искрено жали поради своите постапки и поради своето себично и деструктивно однесување.

– Не ги земав предвид чувствата на своето семејство – додала Ким.

Нејзиниот адвокат рекол дека од несреќата не консумира алкохол. Ким и Еминем се запознале уште како тинејџери во 1989 година. Таа имала 13 години и бегала од дома, а тој имал 15 и живеел со мајка му во камп куќичка.

Првпат се венчале во 1999 година, за да се разведат во 2001. Пет години подоцна во брак влегле вторпат, но тој обид потрајал само четири месеци. Заедно ја имаат 20-годишната ќерка Хајли.