Број на текстови објавени денес: 0

Урнато купатилото на скопјанка, измамена од градоначалници

kupatilo-2-1

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот Борис Сарафов. Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее со синот, снаата и 12-месечното бебе, но на државно земјиште, без дозвола за градба, пренесува СДК.

Елица нема никакво право да го обжали решението за уривање. Нејзе, всушност, никогаш и не ѝ е врачено решение за уривање на градбата, бидејќи таа не го градеше купатилото, туку ЈП “Улици и патишта“, по налог на градоначалникот Коце Трајановски.