Број на текстови објавени денес: 10

Урнале супермаркет па пронашле храм стар 650 години ФОТО

hram-supermarket

Под урнатата продавница во Мексико е пронајде храм стар повеќе од 650 години. Истражувачите веруваат дека е изграден во чест на Богот на ветрот познат како Ехекатл Куецалкоатл.

Археолозите го пронашле храмот на длабочина од три метри на местото каде што е урнат еден супермаркет, пренесе АП.

Платформата со кружен облик, со радиус од околу 10 метри и со висина од околу 1,2 метри, сега е наоѓа во сенка на трговскиот центар во изградба.

Археолозите првобитно под стариот супермаркет пронашле делови од грнчарија и човечки остатоци, што било очекувано, но биле изненадени кога го пронашле храмот, рекол националниот координатор за археологија во Мексиканскиот институт за национална антропологија и историја Педро Франциско Санчез Нава.

Помеѓу останатото, археолозите пронашле и остатоци од новороденче на кое не се видливи знаци на повреди, потоа коски од птици и керамички фигури од мајмуни.