Број на текстови објавени денес: 0

Управниот суд ги отфрли жалбите на Бачев и на Јаневски поради „двојката“ од ДИК

branko_janevski1-1

Управниот суд ги одбил жалбите што ги поднесоа Народното движење за Македонија на Јанко Бачев и Социјалдемократската партија на Бранко Јаневски, што ги поднесоа откако Државната изборна комисија им ги одби пратеничките листи. Решенијата од судот веќе стасале до ДИК.

Ждребувањето за редоследот на партиите на изборните листи ќе биде в недела, а веќе во понеделник почнува изборната кампања.

Од ДИК засега не кажуваат дали ќе побараат кривична одговорност од Јаневски, како што најавија членовите на ова тело. Генералниот секретар на ДИК, требаше да изготви извештај, но како што дознаваме тој е на боледување, а засега нема најава кога членовите на ДИК ќе ј разгледуваат ова точка.