Број на текстови објавени денес: 62

УНИЦЕФ: 300 милиони деца дишат отровен воздух

%d0%b8%d0%bd%d0%b8

И покрај огромниот напредок остварен за децата по усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето во 1989 година, правата на милиони деца се кршат секој ден, наведува УНИЦЕФ по повод одбележувањето на 20 ноември – Светскиот ден на детето.

УНИЦЕФ посочува дека речиси 50 милиони деца се раселени од своите домови, а 250 милиони деца живеат во земји погодени од судири, а речиси 385 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија.

– Речиси 300 милиони деца живеат во областите со највисоко ниво на токсично загадување на воздухот – шест или повеќе пат поголемо од меѓународните норми, се наведува во соопштението на Организацијата.