Број на текстови објавени денес: 86

Украсувањето на Скопје ќе изгори 200.000 евра

elka2

Централната новогодишна елка годинава ќе биде повисока од 18 метри, а на плоштадот „Македонија“ ќе има светлосни и други украсни елементи. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици булеварот „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“, просторот пред Владата на Република Македонија, ул. „Даме Груев“,
Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала, ул. „Димитрие Чуповски“,
ул. „11 Октомври“, булеварот „ВМРО“, ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“, просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија, Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам, украсување на Паркот „Жена борец“,
украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“, украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
украсување на улица „Македонија“, бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“, плоштадот „Пресвета Богородица“, булеварот Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов, булеварот Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов, булеварот Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари или околу 200.000 евра.

Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15 до 25 јануари 2017 година.