Број на текстови објавени денес: 70

УЕФА го објави дрим-тимот до 21 година

%d1%84%d1%83%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d0%bb-%d1%83%d0%b5%d1%84%d0%b0-%d0%b4%d1%80%d0%b8%d0%bc-%d1%82%d0%b8%d0%bc

Во пресрет на утрешното извлекување на групите за Европското првенство У-21, УЕФА го објави најдобриот тим на сите времиња со фудбалери кои играле на евро-шампионатите за таа возраст.

Во изборот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) на голманската позиција се најде Мануел Нојер (Германија).

Одбранбената линија ја сочинуваат:Алесандро Неста (Италија), Бранислав Ивановиќ (Србија), Џорџо Кјелини (Италија) и Матс Хумелс (Германија).

Средниот ред е составен од: Чави Ернандез (Шпанија), Андреа Пирло (Италија), Франк Лампард (Англија), Месут Озил (Германија) и Франческо Тоти (Италија).

Во нападот е Раул Гонзалес (Шпанија).

На ЕП 2017 што ќе се одржи во Полска за прв пат ќе учествува и македонската репрезентација.