Број на текстови објавени денес: 86

Уапсен синот на Мадона поради поседување наркотици! ФОТО

3aab3d3c00000578-3962614-image-m-46_1479857465752

Синот на популарната пејачката Мадона и режисерот Гај Ричи е уапсен во британската престолнина поради поседува опијати кои не се дозволени.

Роко Ричи, синот на Мадона и Гај, е уапсен во близина на својот семеен дом, а него, според пишувањето на странските медиуми, го пријавил соседот.

Сведоците на ова апсење тврдат дека Роко го виделе како „бега“ додека полицијата му се приближувала, што довело до сомненние дека е фатен во текот на консумирањето на наркотици.

Постојат тврдења дека Роко е уапсен поради консумирање канабис, како и поради поседување на истиот.

Mадона и Гарј Ричи водеа битка за старателството над Рoко, откако тој побегна од пејачаката кај татка си во Лондон. Мадона го изгуби старателството, а по овој инцидент светските медиуми тврдат дека може да се преорене ситуацијата во нејзина корист.