Број на текстови објавени денес: 49

Туџман и Милошевиќ имале договорена војна (ВИДЕО)

slobodan_milosevic_franjo_tudjman_692637812

Фрањо Туџман и Слободан Милошевиќ, двајцата светски познати ликови за војната во поранешна СФРЈ, всушност биле најдобри пријатели. Двајцата „глумеле“ дека војуваат, или двајцата лично се договарале за сите потези. Денеска Хрватска одбележува 25 години од војната за Вуковар. Јавноста има право да ја дознае вистината за целата војна, не само за овој град, туку и кој стои зад загинувањето на над 100.000 граѓани на екс СФРЈ во братоубиствената војна. РТС во две видео продолженија со живите сведоци ја објавува вистината за „војната“ помеѓу некогашниот генерал на ЈНА, Фрањо Туџман и несудениот наследник на Тито, Слободан Милошевиќ.

Наводната хрватска војна за независност се водеше од 17 августa 1990 до 12 ноември 1995 година меѓу силите лојални на владата на Хрватска—којашто прогласи независност од СФРЈ и Српската-контролирана Југословенска Народна Армија (ЈНА) и локалните српски сили, со операциите која ЈНА ги заврши во Хрватска во 1992. Во Хрватска, војната се нарекува како Татковинска војна исто како и големо-српската агресија.