Број на текстови објавени денес: 62

Турција го блокираше пристапот до Твитер и Вотсап

twitter

Турција го блокираше пристапот до социјалните мрежи Твитер и Вотсап неколку часа по апсењето на 11 прокурдските пратеници синоќа.

Шест лица беа ранети во силна експлозија во близина на зграда полицијата во турскиот град Дијарбекир, населен претежно со Курди.

Се уште не е позната причината за екксплозијата, која беше слушната од целиот град. Се претпоставува дека таа е предизвикана од автомобил-бомба.

Според телевизијата НТВ е убиен еден човек, а ранети се 30.