Број на текстови објавени денес: 86

Турски авиони повторно го нарушиле грчкиот воздушен простор

turski-avioni3

Два турски воени авиони, еден патролен авион CN-235 и хеликоптер денеска четири пати го нарушиле грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Авионите биле пресретнати од страна на грчки авиони и протерани во согласност со меѓународни правила, соопштија властите.