Број на текстови објавени денес: 65

Турските власти разрешија 291 вработен во морнарицата

images-2213

Турските власти привремено отстранија од позицијата 168 офицери и 123 подофицери од морнарицата, под сомневање дека се поврзани со обидот за преврат на 15 јули, се наведува во соопштение на турското Министерство за одбрана.

Освен тоа, 15 офицери и четворица подофицери се отпуштени од флотата.

По обидот за преврат, отпуштени или суспендирани се над 110.000 судии, наставници, полицајци и државни службеници, а над 36.000 беа уапсени.