Број на текстови објавени денес: 0

Тужба за зајачицата на „Плејбој“ поради голата фотографија на постара жена ФОТО

plejboj-zajacica11

Полицијата во Лос Анџелес поднесе тужба против зајачицата на „Плејбој“ и манекенка Дани Метерс (29) поради непристојниот коментар и фотографијата објавена на социјалните мрежи. Дани во мај во теретана во Лос Анџелес фотографираше 70-годишна госпоѓа во соблекувалната со негативен коментар: „Ако јас ова не можам да го видам, тогаш не можете ниту вие“. Дани сакала да каже дека старото тело изгледа грдо.

Фотографијата ја објави на социјалната мрежа Снепчет, а покрај неа се стави и себеси со рака преку устата, како да е во шок. Дани од госпоѓата, секако, не побарала дозвола за објавување на фотографијата. Во обвинението ја товарат поради нарушување на приватноста, пишува „Би-би-си“, за што би можела да добие до шест месеци затвор и до 1.000 долари парична казна ако ја прогласат виновна.

Дани се извини поради објавата велејќи дека мислела дека фотографијата е испратена во приватна конверзација и признала дека е ужасно некого да засрамиш поради годините или изгледот. Нејзиниот адвокат тврди дека Дани не направила ништо илегално и дека не прекршила ниеден закон.

Во соопштението за тужбата, јавниот обвинител Мајкл Феуер коментарот на Дани за туѓ изглед го нарекол „понижувачки со често болни и долгорочни последици“.

– Се потсмејува и ги стигматизира жртвите, ја уништува самодовербата и поттикнува опасна идеја дека нашиот единствен физички изглед би требало да се споредува со „испегланите“ фотографии на она што би требало да биде совршено – рекол обвинителот.

Освен што во коментарите на Фејсбук навистина не ја штедеа, ѝ посакаа и крај на кариерата, Дани доби доживотна забрана за влез во популарниот синџир на теретани и ја загуби работата во радиото.