Број на текстови објавени денес: 0

Трамп: САД ќе прекинат со соборување на влади ширум светот

трамп клинтон

САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади ширум светот и ќе соработуваат со другите земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „турнеја на благодарноста“ и вети почеток на „нова ера на мирот“.

– Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која конечно учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување на режими и влади, истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја која е заинтересирана да ја уништи ИД.

Трамп вети дека ќе ги „излекува длабоките рани на Америка“, додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.