Број на текстови објавени денес: 70

Трамп и Путин разговараа по телефон

%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%bf-%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%bd

Во разговор по телефон со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за воспоставување на партнерски дијалог со идната администрација на САД, јави ТАСС.

„Двајцата се изјаснија за заедничка работа во нормализирањето на руско-американските односи“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Тие зборувале и за потребата од обединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.

Двајцата се согласиле да одржуваат телефонски контакт, и во иднина да договорат лична средба.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека, Путин повторно ја поздравил победата на Трамп на претседателските избори во САД и посочил дека воспоставувањето на партнерски дијалог треба да се темели на принципите на рамноправноста, меѓусебното почитување и немешањето на внатрешните работи.