Број на текстови објавени денес: 0

Трамп и Обама разговарале и за ситуации, ама и за проблеми ВИДЕО

%d0%be-%d1%82%d1%80%d0%b0

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави новоизбраниот претседател Доналд Трамп, при неговата посета на Белата куќа која е дел од транзицијата на власта.

Обама по состанокот со Трамп изјави дека тие разговарале за надворешната и внатрешната политика, додавајќи дека е важно заедно да се соочат со предизвиците.

– Без разлика на нашите разлики, можеме да работиме заедно и да придонесеме за полесна транзиција – рече Обама по средбата.

Трамп изјави дека средбата траела подолго од планираното и дека тие разговарале за „многу ситуации, вклучувајќи и некои проблеми.“
Средабата на Обама со Трамп траела 90 минути.

Посетата на Трамп на Белата куќа доаѓа по поканата на Обама, како дел од транзицијата на власта. Денеска во Белата Куќа се сретнаа и првата дама Мишел Обама со сопругата на Трамп, Меланија Трамп.

Трамп своето место во Белата куќа ќе го заземе на 20 јануари 2017.