Број на текстови објавени денес: 60

Трамп го именуваше Пенс за шеф на тимот за транзиција

%d0%b7%d0%b0%d0%bc1

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го именуваше за шеф на тимот за транзиција својот кандидат за потпретседател Мајк Пенс, познат по добрите врски во Вашингтон.

Досега таа функција ја извршуваше гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, кој сега ќе биде заменик на Пенс во тој тим.

Во тимот се и поранешниот претседател на Претставничкиот дом на Конгресот Њут Гингрич, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, сенаторот од Алабама Џеферсон Сесионс, пензионираниот неврохирург Бен Карсон и генерал потполковник Мајкл Флин.