Број на текстови објавени денес: 86

Трамп ги избра членовите на тимот за промена на „Обамакер“

usa-prajs

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе објави денеска дека ги избрал републиканецот Том Прајс, жесток критичар на системот за здравствена заштита на претседателот во заминување Барак Обама и консултантот за здравствената политика од Индијана, Сим Верма, да му помогнат во промена на постоечкиот здравствен систем.

Трамп ќе го именува Прајс, претставник на републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот за министер за здравство и социјална служба.

Вермa ќе ја предводи агенцијата ЦМС, која ги надгледува владините здравствени програми и стандардите на здравственото осигурување.

За двете позиции е потребно и одобрување од Сенатот, а администрацијата на Трамп ќе мора да добие согласност од американскиот Конгрес за да го укине и измени законот за здравство.

Трамп изјави дека ќе го замени „Обамакер“ со план со кој на сојузните држави ќе им се даде поголема контрола врз системот за пружање здравствена помош на сиромашните и да да им се овозможи на осигурителните компании да ги продаваат полисите на национално ниво.