Број на текстови објавени денес: 60

Трагедија на железничката станица во Кичево

0415

Педесет годишниот Ј.Д. од Кичево вчера попладне починал во болница од повредите кои ги здобил во несреќен случај на железничката станица во неговиот роден град.

Полицијата извести дека тој истоварал дрва за огрев од камион во железнички товарен вагон. Во еден момент, се лизнал на влажните струготини, паднал од камионот и со главата удрил на шина. Познаниците кои му помагале го внеле во возило и го однеле во болница, но после неколку часа, тој им подлегнал на повредите.