Број на текстови објавени денес: 0

Том Хенкс се пофали со своите нови автомобили „фичо“ и „пегличка“ ФОТО

tom-hanks-759

Американскиот актер Том Хенкс во текот на снимањето на својот последен филм се вљубил во автомобилите кои беа популарни во бивша Југославија. Тој на Фејсбук објави фотографии на кои се гледа дека позира, како што наведе, со двата свои нови автомобили, „застава 750“, кој кај нашиот народ познат под името „фичо, како и со „фијат 126“, познатата „пегличка“.

„Многумина се возбудени поради мојот нов автомобил“, напишал Хенкс и ја објави фотографијата со „пегличката“.  Следувала и фотографијата со „фичото“.

Славниот актер не можел да ѝ одолее на магичноста на „фичото“ и „пегличката“ па се фотографирал покрај нив во Будимпешта. Во овој град Хенкс снимил некои сцени од филмот „Инферно“ и изјавил дека за него е еден од најубавите градови на светот.

– Јас сум од Сан Франциско и Сан Франциско е најубав, но Будимпешта не заостанува зад него. Планините од страната на Будим (Буда) и рамнината во Пешта и реката Дунав меѓу нив се фантастични, посебно ноќе кога целиот град е облеан во светлина – рекол актерот и додал: „Меѓутоа, нешто најдобро што видов во Будимпешта е глетката на две девојки кои возеа велосипед на улица среде ноќ, разговарајќи и смеејќи се. Имав чувство дека тоа е сосема сигурен град. Тоа чувство не можете да го имате на улиците во американските градови“.

Том Хенкс имал искуство со „југото“ и тоа во филмот „Драгнет“ од 1987 година, каде го „испроба“ заедно со колегата Ден Екројдом.