Број на текстови објавени денес: 70

Том Хенкс почести обожавателка со машина за пишување

mashina

Актерот Том Хенкс, кој инаку е колекционер на машини за пишување, една таква и подари на своја обожавателка.

Хенкс и испратил преубава машина за пишување на уметницата Дениз Еспозито, заедно со порака. Во пораката стоело дека актерот се заблагодарува што Дениз претходно му испратила на Хенкс цртежи со сцени од неговите филмови.

„За твојата преубава книга со цртежи од моите филмови, ти подарувам машина за пишување со која ќе правиш што сакаш. Создавај уште уметност“, стоело во пораката од Том Хенкс.

Хенкс изразил желба и да се запознае со Дениз, а таа била воодушевена од гестот на својот омилен актер.