Број на текстови објавени денес: 0

Том Форд: Нема да ја облекувам Меланија Трамп

tom-ford

Модниот креатор Том Форд изјави дека нема да ја облекува идната прва дама на САД, за која веќе еднаш и одбил да креира.

55-годишниот дизајнер изјавил дека пред неколку години побарале од него да креира за Меланија, но тој не прифатил. Креаторот објаснил дека неговите фустани чинат над 5.000 долари и дека се премногу скапи за да ги носи прва дама, затоа што таа би требало да биде блиска до народот.

Прашан дали навистина мисли дека Меланија ќе носи поевтина облека кога Доналд Трамп ќе биде претседател, Форд дипломатски одговорил: „Тоа и го оставам на Меланија“.

Форд инаку ја облече Мишел Обама во 2011 во вечерна тоалета за средба со кралското семејство во Бакингемската палата. Креирав за Мишел, објаснил дизајнерот, кога таа беше на вечера со кралицата и мислев дека тоа е соодветно и бев почестен.