Број на текстови објавени денес: 70

Тешко повреден возач во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

zgrada-na-MVR-2

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Се судрија „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(30) од с.Канатларци, Прилепско и „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.И. (38) од Битола. Во незгодата М.Ч. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.