Број на текстови објавени денес: 0

Терористите користат хемиско оружје во Алепо

download-1555

Руските офицери откриле докази дека терористите употребуваат хемиско оружје во југозападниот дел на сирискиот град Алепо, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајорот Игор Конашенков.

Тој наведе дека офицерите од Националниот воен центар за радиоактивна, хемиска и биолошка заштита откриле докази дека терористите употребувале хемиско оружје против цивилите и сириските војници.

Конашенков додаде дека војниците нашле неексплодирана артилериска муниција на терористите со хемиски средства и земале примерок од површината на местот на нивната примена.

– По спроведувањето на брза анализа во мобилна лабораторија утврдено е дека токсичните материи со кои биле исполнети артилериските гранати на милитантите, со голема веројатност претставуваат хлор и бел фосфор – објасни Конашенков.

Претходно е објавено дека заедничката мисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје, по истрагата за употреба на хемиски супстанци во воени цели во Сирија, потврди дека Дамаск е одговорен за два од деветте хемиски напади кои се истражени, додека еден од нападите е извршен од страна на ИД.