Број на текстови објавени денес: 0

Теренска вежба на НАТО за управување со вонредни ситуации во Подгорица

nato-crna-gora

Помошникот заменик генерален секретар на НАТО, Џон Манце денеска во Подгорица ја отвори меѓународната теренска вежба за справување со последици од вонредни ситуации, на кои учествуваат 32 држави на Алијансата и партнерски земји.

– Успехот на НАТО и неговите партнери се заснова врз нешто многу посилно од дијалог меѓу нашите лидери. Се заснова на пријателство меѓу голем број мажи и жени кои се повикани заедно да работат во тешки времиња, истакна Манце.

Тој нагласи дека вежбите, како оваа во Подгорица, се одлика на евроатланската врска која постои меѓу сојузниците и партнерите, како и солидарност и взаемна обврска која ја претставува таа поврзаност.

Во вежбата, која ќе трае до 4 ноември, учествуваат 680 луѓе, а организирана е од Евроатланскиот центар за координација на одговорите при катастрофи и Директоратот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.