Број на текстови објавени денес: 70

Твитерашите ја нападнаа Џиџи Хадид поради исмејувањето на Меланија Трамп ФОТО

nagradi-dzidi-melanija1

Моделката Џиџи Хадид е на удар на критики на социјалните мрежи, бидејќи во текот на доделувањето на Американските музички награди во неделата ја имитираше Меланија Трамп со лажен источноевропски акцент. Твитерашите ја нарекоа Џиџи расист.

Манекенката се појави на сцената облечена како новата прва дама на САД, ги испрчи усните и почна да зборува со нагласен источноевропски акцент.

– Го сакам својот сопруг, претседателот Барк Обама и нашите деца Саша и Малија – се пошегувала Џиџи на обвиненијата дека сопругата на Доналд Трамп го плагирала говорот на Мишел Обама на настанот на Републиканскиот национален комитет.

Иако повеќето го пофалија изгледот на Џиџи и начинот на којшто ја водела оваа церемонија, твитерашите ѝ порачаа дека претерала и дека треба да се „држи“ до манекенството.

„Меланија ќе биде прва дама на САД. Ова е најголем облик на непочитување. Траба да ја напуштиш оваа земја ако имаш такво мислење за идното претседателско семејство“, истакнал еден твитераш.