Број на текстови објавени денес: 86

Тања Кокев со нова модна ревија

unnamed258

Во сабота на 26 ноември со почеток во 20 часот на самата голема сцена во Македонскиот Народен Театар, модната дизајнерка Тања Кокев ќе ги претстави своите најнови креации со модна ревија.

Креаторката, изминативе две сезони ја подели својата работа на „ready to wear“ колекција, која се продава подготвена за носење и „couture“ колекција наменета за свечени прилики. На оваа „couture“ модна ревија покрај сосема новата колекција создадена од богатство на материјали и форми, бисери и траки измешани со чипки и карнери, кои во себе содржат примеси на декаденција, креаторката за своите почитувачи подготвува и изненадување. Режијата на оваа амбиентална ревија е на Дејан Пројковски, а изборот на музика на диџеј Соња Исмаил.

По овој повод, дизајнерката вели: „Овие креации имаат нова енергија, нов почеток и приказна од која ќе се инспирирам за да творам. Тие претставуваат своевиден блесок, а модата е неретко причина да се чувствувате како да блескате на некој начин. Колекцијата изобилува со чипки, бисери, интересни свили и комбинации, кои се надевам ќе ги натера тие што ќе ги носат креациите да се чувствуваат како ѕвезди, кои блеснуваат“ вели Тања Кокев.