Број на текстови објавени денес: 65

Тајландскиот принц Маха стана нов крал на Тајланд

%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bd%d1%861

Принцот Маха Вајиралонгкорн е прогласен денеска за нов крал на Тајланд, педесет денови по смртта на неговиот татко, кралот Бумибол Арулинадеј.

Одлуката за тоа е соопштена од претседателот на тајландскиот Парламент, откако принцот Маха и формално се согласил да се искачи на престолот.

Маха (64) е устоличен како крал Рама Десети, десетиот монарх од династијата Чакри.

Неговиот татко, кралот Бумибол, почина на 13 октомврина 90 годишна возраст, отако 70 години беше на тајланскиот престол, најдолго од било кој друг монарх во светот.

По смртта на кралот кој беше омилен межу Тајланжаните, владата прогласи едногодишна жалост.

Принцот Маха беше определен за престолонаследник во 1972 година.
Кралот во Тајланд нема никаква политичка улога во земјата, ноза Тајланѓаните, тој претставува темелот на единството, обединувањето и стабилноста на земјата.

За разлика од таткото, синот- принц ја нема неговата популарност во домашната јавност, што се објаснува со неговите долги престои во странство, за школување и дообразување.

Крунисувањето на новиот тајландски крал Рама Десети ќе се изврши по кремирањето на починатиот крал, што е предвидено за следната година.