Број на текстови објавени денес: 10

Тачи побара заменик премиер Албанец

20150705
Sunday
1459
liderska sredba


ali ahmeti
menduh tachi taci

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Тетово, истакна дека само со заменик премиер Албанец, што е дел од програмата и платформата на ДПА, албанскиот народ во Македонија нема да биде дискриминиран.

– Од нашата програма и платформа сакам да се задржам на нашето залагање за еден заменик премиер Албанец, со право на вето односно да мора да има и негов потпис за да помине важна владина одлука. Овој принцип ќе функционира исто како што сега, мора да ги има двата потписи и од заменик министерот и дополнителниот заменик министер. Доколку ја освоиме власта на овој начин нема да може да се усвои буџетот без да има правична распределба, но и рамноправна распределба на пензиите, социјалната помош, кредитите и стипендиите – рече Тачи.

Тој ја обвини ДУИ дека не работи во интерес на Албанците, туку дека само ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сакам да се осврнам и на обидот на ДУИ да го копира проектот за минимална плата од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа е обично копирање, што не им прави добро на Албанците. Во однос на Тетово, ДУИ за време на својот мандат не презеде и не заврши ниеден проект, за овој важен град за Албанците, каде се уште се соочуваме со недостаток на вода за пиење, канализација, загаден воздух, со лоша инфраструктура. Токму улогата на вистински заменик премиер Албанец, ќе овозможи Тетово да стане модерен град, со користење на средства од државниот буџет – рече лидерот на ДПА.

Според Тачи, со победата на ДПА на предвремените парламентрани избори, ќе се врати гордоста кај Албанците, а гласот даден за помалите партии на Албанците, ќе оди, како што рече, во корист на Заев и на Груевски.