Број на текстови објавени денес: 0

Тачи: Нудиме платформа за подобра политичка и економска положба на Албанците

timthumb145

ДПА вечерва одржа средба со жителите на гостиварското село Чегране. Претседателот на партијата и носител на листата за пратеници во шестата изборна единица Мендух Тачи побара масовна поддршка од граѓаните на претстојните избори.

Платформата и програмата на ДПА, рече, се за подобрување на сотојбите кај Албанците, и на политички и на економски план.

– Нашите политички конкуренти од ДУИ со својот несериозен однос придонесоа местата, градовите и селата каде живеат Албанци да се празнат бидејќи еве и тука во Чегране нема канализација, асфалтирани патишта, училиште, здравство. И гласот за помалите партии од албанскиот политички блок во Македонија директно оди за партиите на Груевски и Заев. Затоа, за да се запре егзодусот на младите, треба да се гласа масовно за подршка на програмата и платформата на ДПА како единствена опција за поодбрување на политичката и економската положба на Албанците – истакна Тачи.

За поправање на состојбите, додаде, ДПА сака ослободување на сите осудени врз основа на монтирани судски процеси и во економската сфера, граѓаните да се ослободат од плаќање на долговите кон државата.

На митингот се обратија и членот на форумот на младите на ДПА Јетон Беќири, како и кандидатот за пратеник на листата по потекло од Чегране Рушит Веапи.