Број на текстови објавени денес: 13

Тачи во Куманово: Ахмети донесе само насилство, крв и затвори за Албанците

%d1%82%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во Куманово. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица и носителот на изборната листа, Орхан Ибрахими.

Претседателот на партијата Мендух Тачи во своето обраќање го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на Албанците им онел само насилство, крв и затвори.

– Прво, ургенцијата Македонија да се интегрира во НАТО­ компромисот со Грција.Второ, механизмот на вето што треба да биде дел од Уставот и законите на РМ и трето , пропорционална распределба на буџетот на државата. Нашиот директен конкурент е ДУИ, јас апелирав по секоја цена да се гласа против нив, затоа што тие се виновниците за ваквата ситуација. Другите партии ги сметаме како дел од демократијата –  изјави  Тачи.

Тој вети дека преку законите за амнестија што ќе ги донесат, ќе ги ослободат од затвор сите, како што рече, осуденици од монтираните политички случаи.

Ибрахими во својот говор го презентираше делот од проектите со кои, како што рече, ќе се подобри животот на граѓаните.