Број на текстови објавени денес: 17

Тахири до Николиќ: Доколку Србија го прекине дијалогот ќе си го попречи патот кон ЕУ

%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b0

Косовската министерката одговорна за дијалогот со Србија, Едита Тахири, реагираше на изјавата на срскиот претседател Томислав Николиќ, во која тој вели дека во случај Косово да стане членка на УНЕСКО, тој ќе предложи прекин на дијалогот во Брисел меѓу Белград и Приштина.

Во реакциата таа му порачува на Николиќ дека доколку тоа нешто се случи тогаш се стопира и патот на Сбија кон ЕУ.

– Доколку Србија смета да ги прекине преговорите во Брисел, по зачлнувањето на Косово во УНЕСКО, тогаш самата себе си ќе ги го стопира патот кон ЕУ. Тоа за Николиќ не е проблем, бидејќи сето она што го гледа е Русија, зашто има еден назаден поглед на надворешната политика – истакна Тахири.

Спорд неа, на Србија треба да се гледа со внимателност и тогаш ќе се разјасни дали навистина ја сакаат европската интеграција, за која еден од клучните услови е дијалогот во Брисел за добрососедски односи.

Српскиот претседател оцени дека е незамисливо „така нареченото Косово да биде во УНЕСКО без преговори во Брисел“.

– Незамисливо е така нареченото Косово да биде во УНЕСКО без преговори во Брисел. Во случај на таков резултат од гласањето во Генералното собрание на УНЕСКО, ќе предложам да ги прекинеме разговорите со Приштина, а на својот народ да му помогнеме и овозможиме да живее подобро од сега, и на Косово и Метохија, и во останатиот дел на Србија – изјави Николиќ за весникот „Политика“.

Според него, лицемерно е од некои држави да инсистираат на дијалог меѓу Белград и Приштина, кој треба да доведе до конечно решение, а истовремено да вршат притисок врз сите држави кои не ја признале независноста да го направат тоа, а дотогаш да му овозможат членство на Косово во меѓународните организации.

Николиќ, исто така, оцени и дека промените по изборите во САД влеваат надеж дека сепак дел од правдата и меѓународното право ќе пристигнат и во Србија.