Број на текстови објавени денес: 0

„ТАРГЕТ “ САМО ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА, СЕ СЛУША И СЕ СЛЕДИ И ПОНАТАМУ,ДУРИ СЕ НАРАЧУВААТ И ЛИКВИДАЦИИ

images

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи соопшти дека во новиот случај „Таргет“ осомничени се 10 лица вработени во УБК од сите структури за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба при што биле загрозени основните човекови права.

-Осомничените лица на штета на држвата преку злоупотрба на системите за следење ги загрозиле оснонвните човекови права. Преку системите за следење незаконски била снимена комнукацијата на најмалку 4.276 броеви без судски наредби за следење. 1.541 броеви биле следени откако завршила судската наредба или пред да почне. Значи, најмалку 5.827 броеви биле незаконски прислушувани. Незаконски се следени и сите други лица кои разговарале со овие лица, со што се стигнува до бројка од 20.017 прислушувани броеви. Предмет на истражување беше работењето на системите од 2008-2015 година. Биле упоребени три различни системи, а доказниот материјал упатува дека тројца вработени спротивно на законот давале налози за внесеување и сами внесувале брови за прислушување за кои немало судска наредба, истакна Фетаи!

Но добро упатените во работата на тајните служби ,како што се УБК и Агенцијата за разузнавање говорат дека противзаконското прислушување на граѓаните на Р.Македонија продолжува и до ден денешен .Од една страна тоа го прави УБК, додека паралелно одредени граѓани се таргетирани преку системот на Агенцијата за разузнавање ,кој има исти можности ,како системот кој е во функција во УБК ,и двата се од моделот на производителот „Ериксон“,систем кој служи за тагирање и маркирање на броеви и нивна конекција кај телеоператорите во Македонија. До денес ,никој не извршил контрола на работата на Агенцијата за разузнавање ,које е под директна контрола на претседателот Ѓорѓе Иванов ,како и Војната служба. Според она што Охридскај го има дознаено ,во целокупниот систем на незаконско следење на комуникации во голем дел е вмешана и Агенцијата за разузнавање, поточно поединци од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов си земале за право спротивно на Закон ,да ја воведат Агенцијата за рзузнавање да работи за партиски цели на партијата на власт.

До сега се држев понастрана од сите разговори и пишувања за аферата „Шпијун“, од едноставна причина што најнапред во истата афера бев осомничен ,а покасно сведок. И покрај тоа што знаев многу нешта , две-три крупни риби паднаа во мрежа, но останатото е боранија. Имено списокот на лица кој соработувале со странски служби и оддавале државни тајни ,како и лица кој имале перманентни конаткти со екс шефот на одделот за контраразузнување на Р.Грција Јанис Назис,а кој пред 4 години подготвуваа најцрно сценарио во Македонија, днес повторно седат во кабинетот на Ѓорѓе Иванов (едниот е задолжен за кординација на Агенцијата за разузнување), додека другите беа пратени како дописници од Брисел, Вашингтон итн?! Се псотавува отворено прашање кој тогаш толку застанал во заштита на шпијуните кој ја разнебитаија Македонија ,и ги наградиле со дописнички места во МИА со дебела парична надохнада ??

Како еден од најприслушуваните нелегално новинари во Р.Македонија и во 2001 година ,а и сега од 2007 до 2017 година , уште пред 7 години дознав дека сите броеви кој се водат на мене и мојата фирма се тагирани за прислушување.Тогаш беа поставени на противзаконско следење дури и моите во тоа време малолетни ќерки, моите родители-пензионери, како и целокупните мои другари со кој сум пијал кафе ?!!

Во една прилика на екс началникот на ЦПС Јордан Размоски ,лично во лице му реков , ајде мене можеш да ме слушаш и следиш колку сакаш,не Ви се плашам , но како бре можете и децата да ги ставите на следење?Со кој памет тоа го правите ?!Одговор не добив , но добив послем неколку дена таен претсрес во мојот стан,дечките барале нешто да пронајдат , но заборавиле да ги исклучат безбедносните камери во мојот дом! на ваквата глупост на вработени во  СУБК Охрид , добро се изнасмеав , дечките педантни , врајќале се педантно на свое место, но само послем 4 дена ,рано изутрина во 5 часот да дојдат со некаков си судски налог за претсерс од СВР Охрид ,да барат документи за некакво си даночно затајување , но и од кога не најдоа ништо, отсвем над 50 паковки со цедина  Цртани Филмови, бараа притвор, но исамите не знаеја за што бараат,способни до крајни граници , додека јас голем мерак по пусти цртани филмови!Информаторот на УБК не да бил глуп ,туку провиден до крај, зошто сето ова се случуваше послем акцијата за сузбивање на грчката мрежа во Македонија , и експресното повелкување на поранешната амбасадорка на Р.грција од Македонија од страна на владата на Грција.

Но , ете нека слушаат сеуште воаерите од УБК на чело со самозамислениот припадник на 63-та еилтно подобранска единица од Ниш од времмето на СФРЈ,кој од подобран единствено знае само да биде класичен пример на патолошки воаер,и ништо повеќе.

Единстевно нешто за што жалам и сум посебно огорчен и бесен е фактот ,дека само една недела пред да се случи трагедијата крај Смилковско Езеро ,јавно објавив дека во реонот на Радуша и Липково приметени се паравоени формации со аблеми од УЧК .Тогаш експресно бев таргетиран и од Јанкуловска ,дека Охридскај шири омраза и дестабилизација на Р.М, за само една недела покасно да рони крокодилски солзи пред телевизиските екрани , и да кажува за некакви терористички групи ,кој го извршиле гнасниот чин!

Во оваа прилика ,отворено ја запрашувам Јанкуловска да се произнесе, од каде „слетаа“ таквите терористички групи во реонот на Смилковско Езеро , и дали тоа се дел од припадници на безбедносните сили во униформи на УЧК?! Зошто веднаш после објавата добив повик од кабинетот на Ѓорѓе Иванов од неговиот советник С.А, да ја повлечам веста , направила големо пореметување , додека Иво Котевски во неговото јавување , дури дрско ме тераше да сум направел интервју со наводните припадници на УЧК?! Забеган до крајни граници.

После овие настани следуваше и обид за моја физичка ликвидација пред мојот дом,сторителите за МВР беа непознати , и ако на возилото имаше отисоци од цели дланки на напајѓачите.Од Крим техника од СВР Охрид не сакаа воопшто да ги обезбедат доказите , не биле платени за такво нешто , за на крај целокупната состојба да добие уште потрагикомичен крај со одлуката на ОЈО Охрид со кое ме известија дека кривичната пријава за Кривично Дело Обид за убиство било дело кое се гонело по приватна тужба,а истата ваква одлука на ОЈО Охрид по моја жалба до Вишото Јавно Обвинителство во Битола , истите ја птврдуваат???

Цела една година секојдневно сум следен од страна на разно разни лица ,кога влегувам дома ,кога одам на работа , каде се движам ,знам дека сакаат да посегнат по мојот живот, но нужната самоодрана како Уставна категорија и право на секој граѓанин кај нас е крајно недоветна!,што значи ако некој ве нападне со шипка , вие треба да барате шипка за сразмерно да му одговорите, и не смеете според истиот тој килав преродбенички Закон да го тепате повеќе него што ве тепал тој вас , зошто на крај вие ке сте виновни!?

Ај што ме слушате,снимате , следите , продолжете и понатаму , но зарем некој толку глупаво е на мненије дека ќе ги чекам сега со торта во рака?! Ако дојде повторно до такво нешто , сигурно нема да има торти и колачи, Видимо се у читуљји.

Сашо Денесовски