Број на текстови објавени денес: 86

Таа е прогласена за жена на годината! ФОТО

gallery-1459432291-ashley-3cb57110

На убавата манекенка Ешли Грахам (28) ѝ успеа тоа што на ниту една пред пред неа не ѝ пошло од рака. Таа се запиша во историјата на модата како прва „плус-сајз“ манекенка, а нејзиното тело го красеше и магазинот „Спортс илустрејтед“, кој е резервиран само за најголемите убавици.

Престижниот магазин „Гламур“ ѝ ја додели титулата „Жена на годината“.

Ешли Грахам со години трпела одбивања, понекогаш и навреди, а  денес е една од најдобро платените во светот на манекенството.

– Не знам како е тоа кога имате разделени бутови, моите цел живот се тријат една од друга – искрено рекла Ешли.

Таа постојано истакнува дека ужива во себе, во својот изглед, стриите, целулитот и во килограмите.