Број на текстови објавени денес: 49

СЈО ќе ја обжали одлуката на судот за пасошот на Кнческа -Милевска

362654-eve-shto-srabotila-katica-janeva-za-shest-meseci

Специјалното јавно обвинителство ќе ја обжали денешната одлука на судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, која го одби барањето за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска како неосновано, потврди СЈО.

Канческа-Милевска, пак,  до Судот поднела жалба поради незаконитост на дејствијата од доказната постапка. Таа се жали на законитоста, всушност на судската наредба со која се земени доказите, дознава порталот од извори во Судот.

Министерката Канческа-Милевска е првоосомничена во случајот „Тендери” на СЈО, во кој се сомничи за местење тендер од еден милион евра за градежни работи во Музејот на ВМРО.