Број на текстови објавени денес: 0

Судот во Германија одлучи: Силиконските гради не им пречат на полицајките!

silikoni-policajki1

Германскиот суд пресуди вчера дека имплантите за гради не претставуваат препрека во полициското работење на жените-полицајки коишто ги имаат вградено.

Управниот суд во западниот град Гелзенкирхен ја донесе оваа пресуда, бидејќи една 32-годишна жена вложила жалба на мислењето на полицискиот лекар дека нејзините силиконски импланти можат да перфорираат во текот на потешка физичка полициска активност и работење. Судот, меѓутоа, го сослушал сведочењето на стручњците кои рекле дека постои помалку од 20 отсто ризик имплантот да се скине или да се случат други болни процеси, пренесе агенцијата ДПА.

Во насоките од страна на полицијата се наведува дека не е прикладно жените со импланти во градите да работат во полиција поради ризикот од повреди, меѓутоа, други судови во Германија исто така со пресуди го негирале тој став.

Судот во Берлин во 2014 година, на пример, го отфрлил аргументот дека заштитната опрема би направила толку голем притисок на градниот кош на полициските регрути за да предизвика здравствени проблеми.