Број на текстови објавени денес: 49

Судот бара СЈО да обезбеди дозвола од УБК за користење на тајните докази

timthumb-224

Судот денеска побара Специјалното јавно обвинителство да обезбеди дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за декласифицирање на класифицираните докази во случајот со уништување на службената документација поврзана со предметот „Тврдина“ за да може тие да се користат во судска постапка.

– Ова се надевам дека ќе значи кратко одложување. Се надевам дека ќе го надминеме несогласувањето со судот. Со денешната одлука се доведуваат во прашање и сите оние предмети во кои судот постапувал по предмети во кои имало класифицирани информации, а кои не биле декласифиирани – рече обвинителката Ленче Ристовска од СЈО.

Таа не можеше да каже колку време ќе биде потребно да се обезбеди оваа дозвола, само рече дека се надева на соработка од УБК.

– Денеска требаше да биде прво рочиште и главна расправа, но Судот не извести дека се работи за подготвително рчиште на кое се дебатираше за тоа дали судот има пречки или не да постапува по доказите што се класифицирани. Ние објаснивме дека не постојат пречки, а се раководевме од досегашната пракса на судот и по тоа што законот тоа го дозволува – рече Ристовска.

Овој предмет е првиот обвинителен акт поднесен од СЈО, а го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање, поради нејзиното споменување во „бомбите“ на опозицијата како „сваровски судијката“. Кривичниот суд, а потоа и Апелацискиот суд го одбија ова барање.

Во овој случај се обвинети седум вработени од УБК, меѓу кои и поранешнот директор на Петтата управа Горан Грујовски. Обвинетите, според СЈО, незаконски ја запалиле архивата која била потребна во истрагата за да се открие на кој начин УБК го вршела нелегалното прислушување. Тие се обвинети за фалсификување на службена исправа.

 

Фото: А1он