Број на текстови објавени денес: 62

Судир на познатата актерка Леа Ремини и скиентолошката црква

leah-remini-leah-remini-32278397-2016-2500

Откако кингата на Леа во која таа го опишува своето повеќегодишно искуство со Скинетолошката црква стана бестселер, повторно ја обвини таа црква за злоставување, лаги и сексуално напаствување во новиот докуметарен филм на таа тема. „Целиот мој живот беше посветен на скиентолозите. Не можам да се помирам со фактот дека сето тоа што го работевме било лажно“, вели Ремини и во докуметарецот во продолженија, од епизода во епизода разговара со поранешните членови. „Разбудетете се“, порачува Леа која со семејството пред три години ја напуштила црквата. На нејзините настапи веднаш реагираше прозваната организација.

„Таа очајнички сака внимание, бидејќи нејзината актерска кариера одамна застана. Леа Ремини треба да тргне понатаму со својот живот, наместо да бара публицитет, ширејќи лаги за нашата црква, заедно со огорчените поранешни членови кои се исфрлени пред неколку години поради лаги и корупција. Правата вистина е дека таа сакаше да остане наш член во 2013 година. Поради непридржување на правилата, таа беше исфрлена.Исто така, госпоѓата Ремини со сила се труди да го навреди нашиот водач и неговата сопруга, со која беше опседната и ја следеше со години. Се заврши со полициски извештај, а таа во книгата тврди дека се било исценирано“

Во соопштението за Медиумите, Леа ја објаснува причината за снимање на докуметарната серија. „Со оваа серија сакаме да ја откриеме вистината за скиентологијата. Вистината до која дојдовме со личното искуство. Вистина која е шокантна и за која не се надевав дека ќе ја најдам кога почнавме со снимањето. Премногу долго оваа организација ги злоставува жртвите и новинарите, за да спречи вистината да излезе на виделина. Се надевам дека со ова што го работиме ќе успееме да промениме барем нешто“.