Број на текстови објавени денес: 0

Студентски пленум: Новоформирани здруженија ни го злоупотребуваат името

22114golema2

Студентскиот пленум денеска информираше дека во Централниот регистар се формирале две здруженија на граѓани кои го искористиле нивното име.

„Едното е регистрирано како Здружение Студентски пленум, додека другото е Здружение за заштита и одбрана на студентските права – Студентски пленум  – Скопје. Ние се оградуваме од ова, бидејќи ставот е дека Студентскиот пленум е иницијатива, движење, кое од наша страна не е регистрирано и никогаш немаше намера да се регистрира. Ова е злоупотреба и манипулација од страна на овие лица. Претседател на двете здруженија е истото лице“, пишува во соопштението на Студентски пленум.

Од пленумот велат дека од профилите кои основачите на здруженијата ги имаат на социјалните мрежи успеале да дознаат дека некои од овие лица се членови на Студентскиот парламент, а некои пак се членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат и дека местото определено за контакт во документите пишува дека сите информации ќе бидат објавувани на социјалните мрежи.